Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 799.441 лице заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 38.721, а оздравеле 169.995 луѓе.
– Во Шпанија од вчера до денеска починаа 849 лица, информира Ел Мондо. Бројот на заразени се зголеми за 9.222 лица. Вкупниот број заразени во Шпанија достигна 94.417 луѓе, од кои досега починаа 8.189.
– Нов смртен случај од Ковид-19 во Словенија. Во таа земја досега од оваа инфекција починаа 12 луѓе.
– Бројот на заразени од новиот коронавирус во БиХ се зголеми на 411 лица. Во БиХ до денеска починаа 10 лица.
– Во САД се заразени над 164 илјади лица, јави Си Ен Ен.
– Поради коронавирусот, Панама го ограничи движењето по пол. Од среда, мажите и жените ќе смеат да ги напуштат своите домови на два часа, еден по друг и тоа во различни днеови. Во таа земја сега има 1075 инфицирани, од кои 43 се на интензивна нега. Досега од Ковид-19 починаа 27 луѓе.
– Индонезија ќе им забрани на странците да влегуваат и транзитираат низ земјата, како резултат на зголемувањето на бројот на заразени и починати од коронавирус. Странците со визи за престој и некои посети на дипломати ќе бидат ослободени од забраната. Од почетокот на март, 1.414 луѓе се заразени, а 122 починаа во таа земја.
– Црна Гора воведе дводневна забрана за движење. Граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови во работните денови од 19 до 5 часот наутро и за време на викендите од сабота 13 часот до понеделник наутро. Забраната не се однесува на лица кои работат во јавни служби и обезбедуваат услуги од јавен интерес. Забрането е собирање на граѓани во станови и куќи и спортски активности на јавни места. Мерките се во сила од утрово
– Германското Министерство за правда соопшти дека апликациите за следење лица, како помош во борбата против коронавирусот, можат да бидат користени само на доброволна основа.
– Бритиш Ервејз ги запре сите летови од аеродромот Гетвик.
– Во Танзанија е регистриран првиот смртен случај од Ковид-19. Станува збор за 49-годишен маж, кој претходно имал здравствени проблеми. Во Танзанија досега се регистрирани 19 случаи на заразени.
– Во Русија бројот на заразени за изминатите 24 часа се зголеми за 500 лица, што е најголем раст на заразени во еден ден во таа земја. Во Русија има вкупно 2337 инфицирани, 18 починати и 121 излекувани.
– Јужна Кореја денеска го одложи почетокот на училишната година, планиран за следната седмица. Наместо тоа, на 9 април ќе почне онлајн настава.
– Унгарската војска го презеде раководењето со 51 болница во земјата. Во Унгарија досега се заразени 492 лица, од кои 16 починаа, а 37 се опоравија. Освен унгарски граѓани, меѓу пациентите се 10 државјани на Иран, двајца на Велика Британија, еден на Казахстан и една жена од Виетнам.
– Романската Влада одлучи да воведе карантин во источниот град Сучава и осум околни села, каде се повеќе од четвртина од вкупниот број заразени во Романија. Во таа земја има 2109 случаи на Ковид-19, од кои 65 завршија фатално.
– Во Црна Гора досега се заразени 10 здравствени работници, од кои шест лекари и четири медицински сестри, додека 237 од нив се во домашна изолација. Црногорските власти тврдат дека здравствените работници биле изложени на вирусот надвор од своите работни места.
– Во Виетнам од утре почнува 15-дневно социјално дистанцирање, со цел запирање на ширењето на епидемијата на коронавирус. Од полноќ, на 1 април, сите се должни да останат во своите домови, кои можат да ги напуштат само за да купат храна или во итни случаи. Властите посочија дека сите граѓани мора да задржат меѓусебно растојание од два метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.