Лидерите на Европската унија денеска ќе разговараат за излегувањето на Британија од Унијата, откако британските пратеници веќе три пати го отфрлија договорот за тоа, постигнат меѓу премиерката Тереза Меј и ЕУ. Лидерите на ЕУ дадоа рок до втората половина на мај за да се обезбеди поддршка за договорот или Британија мора да замине уште на 12 април ако Лондон не понуди друга стратегија. Според последните информации, лидерите на Унијата биле подготвени да дозволат уште едно одложување на Брегзитот. Претседателот на Европскиот совет вчера се заложи тоа одлагање да биде најмногу една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.