Сослушувањата на кандидатите за еврокомесари во Европскиот Парламент ќе се одржат од 30 септември до 8 октомври. Кандидатите назначени од новата претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн, ќе одговараат на прашањата на европратениците три часа, а Парламентот треба да гласа за севкупниот состав на Комисија на 23 октомври.

Пратениците не гласаат за секој комесар одделно, но ќе имаат време да ги поднесат своите забелешки и, доколку некои кандидати се неприфатливи, предвидено е време меѓу 8 и 23 октомври за сослушувања на евентуалните нови кандидати.

Во екипата на новата претседателка е и Унгарецот Ласло Трочањи, кому му е доделен ресорот „проширување и соседска политика“, на местото на Јоханес Хан.

Ќе дадеме фер проценка за унгарскиот кандидат и ќе му дозволиме да се претстави. Тој беше член на Венецијанската комисија десет години, а Орбан има право да номинира кандидати, изјави од Стразбур Манфред Вебер.

Европскиот Парламент треба деновиве да ги потврди роковите на сослушувања и да ги прецизира датумите за секој од кандидатите за еврокомесари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.