Опозициската политичарка и соработничка на Алексеј Навални, Љубов Собол, замина за Турција, и покрај забраната на судот да ја напушти Москва и Московскиот регион.
Како што објави РЕН-ТВ, Собол полетала за Истанбул со лет од аеродромот Внуково вечерта на 7 август. Во Турција таа треба да се качи во друг авион, но конечната дестинација на нејзиното патување се уште не е позната.
На 3 август, суд во Москва ја прогласи Собол за виновна поради поттикнување кршење на здравствените и епидемиолошките мерки во рамки на таканаречениот „Санитарен случај“. Судот така ги толкуваше повиците на Собол и другите поддржувачи на опозицискиот лидер Алексеј Навални да учествуваат на митингот за негова поддршка на 23 јануари.
Како резултат на тоа, таа беше осудена на 1,5 година затвор. Во тој период, на Собол и беше забрането да го напушта својот дом од 22 часот до 6 часот наутро, да присуствува на јавни настани и да патува надвор од Москва и Московскиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.