Заради пандемијата на Корона вирусот во Италија, како мерка за претпазливост се затворија сите угостителски објекти. На Фејсбук се појави снимка од 59 годишниот италијан, Џан Марија Фенуа, за кој италијанските медиуми наведуваат дека е сопственик на пицеријата „Сасарија“ во Сардинија.

Кога сфатил дека ќе навлезе само во поголеми долгови ако чека два месеци да го отвори повторно својот угостителски објект, наместо да ја затвори вратата од истиот, одлучил да искрши се што е внатре.

На снимката која ја објавил, кажува дека за се го криви Корона вирусот.

Grazie al covid 19.

Posted by Ciondolo Fenu on Monday, May 11, 2020

 

Фала ти Ковид, биле неговите зборови, додавајќи дека неможе повторно да отвори. Не се лутам никому ниту пак сакам да пратам некаква политичка порака. Неможев да ги сносам трошоците заради Короната и одлучив се да уништам. Многу едноставно. А всушност сум воодушевен од интересот кој го потикна моето видео.

Според кажувањата на локалните медиуми, тој поседува уште еден угостителски објект.
Не се грижете, нема и него да го уништам. Можеби сега повеќе ќе се посветам на припремите за светското првенство на производители на пица на кое учествував претходните години и на кое освојував признанија, рекол Фенуа.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.