Даглас Имхоф, сопруг на новоизбраната американска потпретседателка, Камала Хeрис, до јануари 2021 година ќе ги напушти сите свои работни обврски во „ДЛА Пајпер“, една од најголемите правни фирми во САД, за да се посвети на поддршка на новата администрацијата на Џо Бајден.
Во соопштението од изборниот штаб на Бајден се вели дека Имхоф зел неплатено отсуство во август, веднаш откако Џо Бајден објави дека Камала Херис е неговиот избор за потпретседател на САД.
Според најавите, сопругот на новоизбраната потпретседателка ќе ги прекине сите врски со неговата компанија до официјалната инаугурација на Бајден на 20 јануари 2021 година.
Камала Херис и Даглас Имхоф се во брак од 2014 година, кога таа ја извршуваше должноста државен обвинител во Калифорнија, по што во 2017 година беше избрана за сенатор во американскиот Конгрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.