На социјалните мрежи под хаштагот Жан Мишел Троње кружи необична гласина дека 68- годишната Брижит , сопруга на францускиот престедател Макрон е родена како маж.

Првата дама има намера да покрене судска постапка и да поднесе пријава против иницијаторот на оваа теорија на заговор, пишува Le Figaro.

Контроверзната теорија беше објавена во еден екстремно десничарски магазин во септември. во кој се тврдеше дека ова сознание е резултат на тригодишна истрага поддржана од „многу експерти“, наведува CNjuz.

Магазинот на 12 страници опишува низа бизарни теории за јавни личности и наводно ја посочил првата дама на Франција дека е родена како машко по име Жан-Мишел Троње, пренесува Дејли Меил.

Брижит и претходно беше напаѓана од медиумите, па во 2017 година едно сатирично француско радио ја нарече „Барби во менопауза“. Исто така за време на последната претседателска кампања се пишуваше за тоа како бракот на Макрон со неа бил лажен, бидејќи Макрон наводно е хомосексуалец, кој наводно имал афера со Метју Гејл, првиот човек на Радио Франс.

Дејли Мејл објави дека Брижит индиректно открила некои детали од нејзината и спалната соба на Макрон. На новинарско прашање дали Макрон е добар политичар, таа одговори дека не постои ниедна област во која нејзиниот сопруг не е добар, па многумина рекоа дека нагласила дека е добар во кревет.

Бизарните гласини се појавија само неколку месеци пред следните претседателски избори во Франција кои ќе се одржат во април следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.