Централната банка на Кина најави дека ќе стори се шпто е потребно за да ја поддржи стабилноста на економијата во 2022 година.
Соочена со пад на побарувачката, проблеми со снабдувањето и падот на очекувањата, кинеската економија е под краткорочен притисок, така што сега е неопходно одржување на стабилноста – изјави гувернерот на Централната банка на Кина, Ји Ганг.
Како што нагласи тој, Централната банка ќе обезбеди монетарна политика која е и флексибилна и целисходна и ќе одржува висока стапка на ликвидност.
Со просечна каматна стапка на корпоративните заеми под пет проценти оваа година, што е најниска досега, Централната банка ќе продолжи да поттикнува рефинансирање на малите бизниси и да ја зголемува квотата по потреба – порача Ји Ганг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.