Сомалија, Сирија и Јужен Судан најкорумпирани, а Данска најмалку корумпирана нација во светот. Ова го покажува еден индекс кој сугерира дека корупцијата придонесува за криза во демократијата во светот. Нордиската нација е внимателно следена од Нов Зеланд, Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија.

Но, ниту една земја не е целосно ослободена од корупција, според последниот извештај на Transparency International. Дури и Данска ги искуси неодамнешните случаи на корупција, забележуваат авторите на извештајот, како што е скандалот за перење пари околу Данске банка, нејзин најголем заемодавач.

Transparency International невладина организација основана за борба против глобалната корупција, рече дека земјите со повисоки стапки на корупција имаат послаби демократски институции и политички права.

Индексот за перцепција на корупција е рангиран на 180 земји и територии според нивните перцепирани нивоа на корупција во јавниот сектор, според експертите и бизнисмените, со скала од нула до 100, каде што нула е многу корумпирана, а 100 е многу чиста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.