Снимката од воздух на последната етапа од велосипедската трка Вуелта освен последниот финиш на трката открила и мала плантажа со марихуана на еден од покривите на зградите во градот Игуалада.

Хеликоптерот кој ја снимал трката прелетал преку зграда, а гледачите ја забележиле „тајната градина“ во преносот во живо и пријавиле на полицијата.

Полицијата запленила 40 стебла марихуана. Соопштиле дека градината била напуштена и се уште никој не уапсиле.

Употребата на марихуана е дозволена само за лични потреби во Шпанија, но запленетата количина ја надминува законската граница, пишува Еуроспорт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.