Белгија месецов ќе искористи 443.000 дози вакцини на „АстраЗенека“ за вакцинирање против корона вирусот на лица помлади од 55 години.
Ова ќе се направи поради недостиг на податоци за ефикасноста на оваа вакцина кај постарите лица.
За време на вакцинацијата, приоритет ќе имаат здравствените работници и луѓето во домовите за стари лица, како и хронично болните и полициските службеници ангажирани на терен.
Луѓето постари од 55 години, сепак, ќе имаат можност да примат некоја од двете други вакцини чија употреба е одобрена во Европската Унија, на компаниите „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.
Бројот на нови случаи во Белгија е помеѓу 2.000 и 2.500 на ден, но бројот на смртни случаи е намален.
Досега повеќе од 336.000 Белгијци ја примиле првата доза на вакцина против Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.