Тепачки, повредени и уапсени. Вака заврши прославата на укинувањето на ковид-ограничувањата во Норвешка. Норвежаните го прославија крајот на мерките против коронавирусот со неколку викенд забави – ноќните клубови и пабови беа полни, а атмосферата на многу места беше тензична.
Во градот Трондхајм, неколку луѓе побарале медицинска помош, откако се онесвестиле додека чекале во долгите редици.
Тепачки се регистрирани во неколку градови, со повредени и уапсени, објави денеска јавната телевизија НРК.
Имаше прекршувања, насилни инциденти и тепачки – рече Руне Хекелштранд, припадник на полицијата во Осло.
Неколку луѓе се уапсени за поседување оружје, а некои се и тешко повредени.
Во градот Тонсберг, јужно од главниот град, во пристаништето избила масовна тепачка, а во југозападниот регион Агдер, вкупно 12 лица беа уапсени за немирите.
Норвешка во саботата ги укина речиси сите мерки против коронавирусот – нема веќе физичка дистанца, а не се применуваат ни ограничувањата за бројот на луѓе на настани и собири.
Остана само задолжителниот карантин во случај на инфекција. Ограничувањата за влез, исто така, се отстрануваат постепено.
Во споредба со другите земји, Норвешка помина релативно добро преку пандемијата.
Освен Норвешка и Данска пред десетина дена ги укина ограничувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.