Од февруари 2020 година, 10 милиони жители на Париз и околните места ќе имаат можност да земат субвенции од 500 евра за купување на електричен велосипед. Претседателот на регионалната агенција за транспорт, Валери Пекрес, за „Ле Паризиен“ изјави дека оваа мерка ќе важи за сите жители на главниот град на Франција, без оглед на примањата и економската ситуација.
Добар електричен велосипед, во просек во Франција чини околу 2.000 евра, а токму оваа земја веќе има посебна програма за изнајмување на ваков тип на превозни средства. Целта, според Пекрес, е да се зголеми бројката на луѓе кои користат транспорт кој не загадува и мобилноста со електрични превозни средства, со што се намалува и сообраќајот.
Субвенциите за електрични велосипеди и тротинети започнуваат да стануваат се поактуелни на глобално ниво, во обид да се смалат метежите во светските метрополи и загадувањето на воздухот. Шведска, Норвешка, Шкотска и Португалија се земјите кои се заинтересирани за инвестиции во инфраструктурата и обезбедуваат позајмици и субвенции без камати за граѓаните при нивниото купување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.