Уапсен е човекот кој се закануваше дека ќе активира бомба во седиштето на украинската Влада.

Првично не е познато јасно која е причината за неговото влегување во зградата.

Ова е вистинска граната, изнесете ги луѓето одовде – викал човекот додека покажувал отстранета игла од бомбата.

Обезбедувањето повикало полиција, по што веднаш пристигнале припадници на специјалните сили.

Во инцидентот нема жртви и, според полицијата, предметот навистина бил рачна бомба. На напаѓачот сега му се заканува казна затвор до 15 години.

Локалните медиуми тврдат дека станува збор за Владимир Прокнич, кој претходно се борел во Донбас и дека бил деминер во доброволната единица Ајдар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.