Од 1 март во Франција починале 22.245 лица како последица на заразата со Ковид-19, а само во последните 24 часа бројот на смртните случаи е 389.
Вечерва на болничко лекување се наоѓаат 28.658 лица, а 4.870 се на интензивна нега. Бројот на новопристигнатите пациенти во болниците и потребата од интензивна нега постојано се намалува повеќе од 15 дена.
Инаку од 1 март над 87.000 лица имаа потреба од болничко лекување и околу 15.000 интензивна нега.
Француските здравствени власти предупредуваат дека „движењето на вирусот останува на високо ниво“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.