Велика Британија забележа најголем број новозаразени во еден ден од корона вирус, дури 57.000, а многумина тоа го припишуваат на заразата со новиот сој, кој посебно ровари низ Лондон.

Во истиот период регистрирани се 445 смртни случаи.

До денеска во Велика Британија починаа повеќе од 82.600 лица, кои беа заразени со корона вирусот.

Болниците во Лондон се ближат до крајните граници, преполни се, јавуваат медиумите.

Пациенти лежат во ходници или мора со часови да чекаат во амбулантата за да се ослободи кревет.

Претседателот на Кралскиот лекарски колеџ, Ендру Годард ги советуваше болниците низ целата земја да бидат подготвени да работат во слични услови.

Новата варијанта на вирусот дефинитивно е позаразна и се шири низ земјата, рече тој за Би-би-си.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.