Обвиненијата дека австриските власти во покраината Тирол, по првите откриени случаи на зараза со коронавирус во Ишгл предоцна реагирале, биле потврдени со мејлови од Исланд.

Во тие мејлови, кои дошле до јавноста, уште на 5-ти март се наведуваат конкретни хотели во кои престојувале туристи од Исланд кој заболеле од коронавирус.
Австриското списание “Профил” наведува дека исландските власти го информирале Министерството за здравство на Австрија за позитивните тестови на нивните повратници од зимскиот одмор, а неколку часа подоцна и хотелите во кои биле сместени заболените.Мејлот со имињата на пет хотели потоа бил проследен до Министерството во Виена до покраинските власти на Тирол.Ден подоцна, на основа на информациите добиени од Исланд, спроведена била истрага во наведените хотели, се наведува во изјавата на покраинските власти.Останало недоговорено прашањето колку лица биле тестирани на вирусот.Само еден сопственик на хотел соопштил дека една соработничка, која најмногу имала работа со исландските гости, е прегледана, и дека тестовите биле негативни.За споредба, во случајот со заболената рецепционерка на еден хотел во Инсбрук, една недела подоцна, преземени биле интензивни мерки, подвлекува “Профил”.Хотелот со часови бил изолиран и сите гости и персоналот биле прегледани, како и контактите на заболената жена, по што неколку лица биле сместени во карантин.Зошто властите во Ишгл делувале многу поблаго отколку во Инсбрук ќе биде предмет на истрага на обвинителството, но и истражната комисија на покраинското собрание, која наскоро треба да се формира.Откако Здружението за заштита на потрошувачите поднело пријава до обвинителството, со сомнение дека властите на Тирол одолговлекувале со прекин на скијачката сезона, отворена била истрага.Стотина лица, кои се заразиле во ски-центрите на Тирол, се приклучиле во заедничката тужба, а меѓу нив има претежно туристи од Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.