Денеска во Шпанија пристигнаа првите туристи по три месеци зошто владата дозволи влез на странци на Балеарските острови, но остатокот од земјата останува затворен поради коронавирусот.

Туризмот во Шпанија беше забранет од прогласувањето на вонредната состојба на 14 март.

Балеарските острови се сместени во Средоземното море – Мајорка, Ибива, Менорка, Форментера и Кабрера се традиционално летувалиште за гостите од Германија. Шпанската влада ги отвори аеродромските линии меѓу Германија и Балеарските оствори, за да спаси илјадници работни места на островите.

На аеродромот Палма де Мајорка во понеделникот слета првиот авион од Диселдорф со 180 патници.

Сите беа среќни во авионот – им рече на новинарите Керстен, Германка која има куќа покрај местото Манакор на Мајорка. Многу патници дојдоа во рамки на аранжман купен кај туристичката агенција ТУИ кој вклучува лет и хотел.

Ќе уживаме во мирниот одмор. Го сакаме овој остров и обично тука доаѓаме неколку пати годишно – вели Георг, која на Мајорка слета со сопругата.

Оваа недела би требало да слетаат 7 авиони, шест на Мајорка и еден на Ибица, со околу 1.500 патници.

Шпанската влада порача дека на 21 јуни ќе ги отвори границите за патниците од земјите на ЕУ, а оваа пилот програма на Балеарските острови важи само за гости од Германија.

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот во Европа па строги мерки се воведени со цел да се сизбие заразата. Земјата лани ја посетија повеќе од 80 милиони туристи, во рекордната година, но сега хотелите се затворени, а плажите пусти.

Туризмот учествува со 12 отсто во шпанскиот БДП, а илјадници работници се опуштени или чекаат враќање на работа.

Портпаролот на наутички туризам на Балеарските острови рече на 23 мај дека ги губат странските гости кои со едрилици одат во Хрватска каде нема строги мерки за сузбивање на коронавирусот.

Ни се јавуваат за да ни откажат или да ги откажат резервациите до идната година. Штетата е брутална. Потполно сме парализирани – рече тогаш Жосе Мариа Химендез, портпарол на компанијата која изнајмува едрилици.

На Балеарските отстрови се регистрирани околу 350 компании насочени на пазарот во средна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.