Речиси 20 деца, а можеби и многу повеќе, биле сексуално злоставувани во текот на 10 години во камп во централна Германија, поради што локалната полиција денеска подигна обвинение против тројца мажи, јави ДПА.
Еден од водичите (56) во кампот за млади извидници во источна Вестфалија, Германија, осомничен е за сексуално злоставување на дури 20 деца, од кои најмалото имало само четири, а најстарото дете 13 години.
Според сомнежите, злоставувањето траело со години. Меѓу жртвите има и 8-годишно дете од згрижувачко семејство, пренесуваат германските медиуми.
Операторот во кампот, Френк Шафсмејер (54) бил шокиран од ова сознание, бидејќи, како што вели, никогаш не би рекол дека осомничениот би направил таков грозен злочин.
Човекот секогаш беше пријателски расположен, ведар и делуваше потполно безопасно. Се досели тука со родителите уште пред 30 години, но и после нивната смрт остана во овој крај“, рекол Френк.
Полицијата сè уште не сака да даде детални информации, бидејќи, како што навела, истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.