Во градот Вилц во северун Луксембург, маж со автомобил се забил во група пешаци и притоа го убил својот двогодишен син. Во инцидентот повредени се уште четири лица, вклучувајќи и мало дете кое има полесни повреди, изјавил јавниот обвинител.
Истражителите се сомневаат на семејна расправија бидејќи меѓу повредените е и поранешната девојка на сторителот.
Според сведоците, мажот (47) намерно со автомобилот се забил во групата пешаци кои стоеле на тротоарот. Меѓу повредените биле две мајки со колички и уште еден пешак, изјавил портпаролот на обвинителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.