Рускиот MMA борец Бајли Курбанмедов починал на лице место откако едно 19-годишно момче дирктно удрил во неговиот автомобил на раскрсница.
Според медиумите во Русија, младиот човек е внук на поранешниот потпретседател на Лада, Егор Лјаченков. Несреќата се случила на 13-ти април во Москва. Лјаченков го возел својот Meрцедес во пијана состојба со брзина од над 100 км/ч и на раскрсницата не застанува и удира во Курбанмедов.
Лјаченков бил пијан и не ја носел возачката дозвола. Лјаченков побегнал, а со него имали и девојка која ја скршила раката и ја оставил на местото на несреќата. Малку подоцна Лјаченков е притворен од страна на полицијата.
Тој одбил да се подложи на медицински преглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.