Поранешниот американски разузнувач и „свиркач“ Едвард Сноуден оцени дека апсењето на основачот на Викиликс Џулијан Асанж претставува „мрачен момент за слободата на печатот“ .

Фотографиите од еквадорскиот амбасадор кој ја повика британската тајна полиција во Амбасадата за д аго извлече од зградата издавачот, дали тоа ви се допаѓало или не, наградуван за новинарство – ќе заврши во учебниците по историја. Критичарите на Асанж може да се радуваат, но ова е мрачен момент за слободата на печатот, напиша Сноуден на Твитер, кој е во азил во Русија од 2017 година.

Тој потсети дека Обединетите нации соопштиле дека неговото апсење би претставувало кршење на човековите права и побараа да му се овозможи да се брани од слобода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.