Не дозволувајте апсолутистите да ја искористат кризата за да добијат поголема моќ, предпредува Едвард Сноуден, кој на подемот на вонредни закони, зголеменото набљудување и другите начини на кои владите ги суспендирале граѓанските права за да се справат со пандемијата гледа како на вознемирувачко зграпчување на моќта.
Тој додава дека не очекува лидерите што стојат зад тоа да се откажат од новонајдената моќ кога ќе стивне пандемијата на коронавирусот.
Сноуден додава дека глобалната пандемија била лесно предвидлива и дека научниците и разузнавачките агенции долго време алармирале. Воведувањето на новото вонредно следење, според него, е особено вознемирувачко.
Како што се шири апсолутизмот, како што се множат вонредните закони, како што си ги жртвуваме правата, така ја жртвуваме и нашата способност да го запреме паѓањето во помалку либерален и помалку слободен свет, истакна Сноуден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.