Поранешниот припадник на Агенцијата за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, кој доби азил во Русија, смета дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ги очекува симпатиите на луѓето, но своите зборови ги витка во толку агресивна обланда што предизвикува спротивен ефект.
Мислам дека е многу лесно човек да го разбере Трамп. Претседателот Трамп ме изненадува пред сè како човек што никогаш не осознал љубов за која не морал да плати. Тој само сака да им се допадне на луѓето. За жал, тоа предизвикува многу негатвини последици – изјави Сноуден во интервју за телевизијата Ем-ес-ен-би-си, посветувајќи внимание на агресивното и навредливо однесување на 45. претседател на САД.
Бившиот аналитичар на НСА наведе дека не сакал да ја уништи таа американска специјална служба, туку да ја реформира. Тој смета дека дезинформаците зеле толкав замав во САД што длабоко влијаат на американската политика. Според него, идејата дека чувствата се поважни од фактите е токсична за демократијата.
Едвард Сноуден живее во Русија, каде доби привремен азил под услов да прекине со активностите против САД. Во август 2014 година доби тригодишна виза за престој во Русија, која му овозможува да патува во границите на земјата, а во јануари 2017 година таа виза му е продолжена до 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.