Снимката која деновиве брзо се прошири на социјалните мрежи прикажува едно застрашувачко слетување на авион кој се одбива од тлото и продолжува да лета.

Имено, авионот на компанијата “British Airways” кој во текот на бурата Ерик пробал да слета на аеродромот Хитроу, само се одбил од пистата и продолжил со летањето.

Многумина останале воодушевени од начинот на кој пилотот го исконтролирал авионот и покрај неверојатно силните ветрови, но од авиокомпанијата наведуваат дека станува збор за “стандарден маневр при вакви услови”. По неуспешниот обид за слетување, авионот продолжил да кружи над аеродромот додека конечно не слетал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.