Францускиот претседател Емануел Макрон се впуштил во вербална расправија со медицинска сестра од болницата во Париз, само неколку дена пред да признае јавно дека Франција не била подготвена за справување со епидемијата со коронавирусот.
Расправијата се случила дента кога Макрон ја посетил болницата на 9 април годинава.
На видеото што го објави Синдикатот на медицинските работници во Франција може да се види како Макрон ѝ вели на медицинската сестра: Во право сте, ама не преземам одговорност за сè што се случувало во минатото!
Медицинската сестра, пак, му вели: Ние, медицинските работници сме сиромашни и утре можеме да бидеме легнати во кревет. А кога проблемот ќе ни се врати, ние повторно ќе сакаме да помогнеме, но нема да можеме да го сториме тоа затоа што немаме доволно ресурси на располагање!
Погледнете како течеше расправијата:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.