Украинските безбедносни служби (СБУ) му доставиле на Си-Ен-Ен ексклузивни снимки на кои се гледа моментот кога користеле експериментален дрон за напад на рускиот мост кон анектираниот Крим во јули. Ова е прв пат СБУ отворено да преземе одговорност за операцијата.

Нападот на 17 јули ги оштетил лентите на мостот и, според руските власти, биле убиени двајца цивили. Тоа беше втор напад на виталниот премин и покажа колку е тешко да се одбрани единствената независна врска на Русија со полуостровот.

Шефот на СБУ, Васил Маљук изјавил за Си-Ен-Ен дека користениот дрон, наречен „Sea baby“, е резултат на неколкумесечниот развој што започнал непосредно по инвазијата.

Морските беспилотни летала се уникатен изум на Службата за безбедност на Украина. Ниту една приватна компанија не е вклучена. Со помош на овие беспилотни летала неодамна успешно го погодивме Кримскиот мост, големиот брод Оленгорскиј Горњак и танкерот SIG, рекол тој, пренесува хрватски „Индекс“.

Работиме на голем број нови интересни операции, вклучително и водите на Црното Море. Ви ветувам, ќе биде возбудливо, особено за нашите непријатели – додал Маљук.

Обелоденил дека нападот со беспилотно летало во јули бил производ на повеќемесечна подготовка и заедничка операција со украинската морнарица, која ја водел заедно со морнаричкиот адмирал Олексиј Неизпап.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.