Холандија e зафатена од првата голема снежна бура во последните 10 години, нарушувајќи го железничкиот и патниот сообраќај, а студениот бран продолжува да се движи кон другите делови на северна Европа.

Прекинат е и железничкиот сообраќај поради снегот во соседна Германија, а Британците се подготвуваат за пристигнување на бура во областа на Северното Море, што холандските метеоролози ја нарекоа „Дарси“.

Снежна бура, со силен ветер ги зафати северна и западна Германија. Меѓу најтешко погодените е градот Минстер, каде на улиците има многу снег кој прави проблеми за возилата на итната помош.

Наврнале 30 сантиметри снег, а се очекуваат и нови врнежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.