Силна снежна бура денеска ја погоди Москва, и повеќе од 60.000 комуналци и 13.500 возила со специјална опрема дење и ноќе ги чистат улиците и носат снег на места каде што се топи, прочистува и фрла во реки.

На овој начин комуналните служби во Москва се обидуваат да спречат колапс што може да се случи, бидејќи се очекува до денеска да паднат повеќе од 35 сантиметри снег, а висината на снежната покривка до понеделник да биде повеќе од половина метар.

Времето е многу студено, возачите не можат да ги контролираат возилата на мразот, а повеќето московјани, кои утрово тргнаа на работа со автомобил, доцнеа на својата дестинација, пренесуваат локалните медиуми.

Поради мразот и намалената видливост, возачите се повикуваат да бидат претпазливи, да не возат брзо и да држат растојание.

Улиците се завеани, комуналните служби постојано работат, а сообраќајот се одвива бавно и отежнато.

Во градот постојано работат 56 стационарни „топилници“, како и 38 подвижни „топилници“ на снег – специјални возила што го топат и прочистуваат снегот „во од“.

По улиците постојано поминуваат вакуумски правосмукалки и мала механизација, како и „тешка механизација“.

Механизирано се топи и мразот на улиците и тротоарите, а снегот се носи на посебни депонии.

Последен пат во Москва волку снег имало во 2018 година, а невремето овој пат го донесе балканскиот циклон „Волкер“.

Руските служби за расчистување не смеат да се изненадат. За само 24 часа, кога е потребно, на улиците во Москва излегуваат и повеќе од 7000 единици на специјалната техника за чистење снег и повеќе од 30.000 комуналци кои работат на расчистување на градот од снег и мраз, иако снежната покривка изнесува само три три сантиметри.

Дури и кога ќе напаѓа снег во Москва, коловозите се суви. Московјаните дури и не купуваат зимски гуми, без оглед на температурите и временската прогноза, бидејќи надлежните комунални служби работат беспрекорно.

Дури ни дневните температури од – 18 степени не им претставуваат пречка да го исчистат снегот и мразот од коловозите, тротоарите, паркинзите, дворовите, парковите и другите пешачки зони.

Градските власти мислат и на безбедноста на пешаците, па снегот не се чисти само од улиците, туку и од крововите на зградите. На зградите кои имаат рамни покриви има заштитна ограда која спречува снегот да падне на тротоарите и да повреди некого, а зоните околу косите покриви се оградуваат со столпчиња за да се спречи луѓето да се приближат во ризичната зона.

(фото: АП)

Комуналците работат вредно дури и по 24 часа, ако е потребно. Работното време им започнува во рана зора, во мртва темница, и во центарот и на периферијата на градот. Машините и возилата деноноќно го отстрануваат снегот од московските улици и ги посипуваатос о специјални еколошки хемикалии кои го топат мразот. Кога не паѓа многу снег, на улиците се ангажирани возила кои постојано го чистат снегот, вакуумски правосмукалки.

Кога обилно паѓа снег, на улиците излегуваат дури 18.000 дампери и друга тешка машинерија.

Машините за дување снег користат мотор од МИГ 15

За илустрација, во една снежна бура Москва била окована во снег и мраз, што во еден момент го отежнало движењето во сообраќајот и речиси го парализирала градот. Преку ноќ паднале и до 20 сантиметри снег, но поради наносите и ветрот снегот достигнал и до 50 сантиметри. Комуналните служби само за еден ден од градот изнеле околу 200.000 кубни метри снег на специјални депонии на кои се обработува снег. Во тој подвиг учествувале повеќе од 10.200 возила.

Се случува за еден ден од руската престолнина да бидат извезени и половина милион кубни метри снег, кој се топи на специјални депонии со еколошки реагенси, се пречистува и се одлева во специјални базени, од каде што се влева во реката Москва.   Освен стационирани депонии топилници, во Русија работат и мобилни, кои го топат и пречистуваат снегот во од. Интересно е дека кога ги чистат паркинзите, службите ги препаркираат возилата што им пречат, а потоа ги враќаат на своето место.

(фото: АФП)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.