Властите во Јужна Германија, Австрија и Швајцарија ги затворија патиштата и одделни железнички линии поради силниот снег на Алпите.
Германската новинска агенција ДПА јавува дека 44-годишен човек загина во Вакерсберг во Баварија кога врз него паднале гранки полни со снег.
Тројца скијачи во Австрија и една жена во Баварија починаа во несреќни поврзани со снежното невреме.
Официјалните лица предупредија на висок ризик од лавини на северните Алпи. Поради ризик од лавини алпскиот пат Хокар и целата скијачка област во Долна Австрија е затворена. Во некои делови на јужна Баварија и австриската област Штајермарк училиштата денеска се затворени поради невреме.
Insane snow from the Filzmoos, area #Austria recently…. video via Marco Kaschuba! #severeweather #ExtremeWeather #snowfall pic.twitter.com/izlLfnsAHe
— WEATHER/ METEO WORLD (@StormchaserUKEU) January 7, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.