Традиционалната шпионажа стана многу потешка во светот на паметните телефони. Конкретно, сега е потешко за агентите да создадат убедлив лажен идентитет, вели не било кој, туку Вилијам Џ. Барнс – директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Пред појавата на паметните телефони, агент на ЦИА можеше да ја премине границата со куп лажни пасоши и самоуверено незабележано да патува во странски градови, рекол Барнс, цитиран од 9to5Mac. Агентите сега се соочуваат со дигитални пречки: сеприсутни камери за надзор и биометриски гранични контроли.

Пречат паметните телефони, часовниците и автомобилите кои постојано ја одредуваат локацијата. На интернет секогаш има некои лични податоци кои оневозможуваат целосна анонимност – вели шефот на разузнавачката агенција.

Барнс поставува реторичко прашање: како може агент во современиот свет да аплицира за работа во друга владина агенција или приватно претпријатие ако неговиот мобилен телефон не е редовно присутен во градот на организацијата, нема евиденција дека подигнал пари од банкомат или платил за ручек со кредитна картичка, а нема и снимки од видео камери?“

Сега шпионите не треба само да се маскираат во некој, туку да го живеат животот на својот херој во потполност – заклучува директорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.