Maсовниот убиец кој утрово во Нов Зеланд масакрираше најмалку 49 лица, слуша српска песна за Радован Караџиќ додека патува до џамиите со помош на навигација.
Медумите објавија видео во кое Брентон Тарант оди да убива, а во неговиот автомобил се слуша песна посветена на поранешниот претседател на Репбублика Српска. Песната што Тарант ја пее додека вози кон џамијата во Крајстчер е „Караџиќ ги води своите Срби..“ која се пеела за време на војната во Босна и Херцеговина.
На пушката со која усмрти 49, а рани над 20 лица, Тарант имал испишано неколку имиња, меѓу кои на кирилица ги напишал и имињата Марко Миљанов Поповиќ, Стефан Лазар, Милош Обилиќ и Бајо Пивљанин.
Сите историски личности испишани на неговото оружје ги поврзува тоа што во еден период од животот сите се бореле против турската војска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.