Мароканец на 28-годишна возраст е спречен во обид да киднапира двегодишно девојче на улица во градот Монца, соопшти денес италијанската полиција.
Мажот наводно се обидел да го задуши дедото на девојчето кое било во количка, за а потоа да го киднапира детето, но во тоа го спречил случаен минувач кој успеал да го бутне на земја, и да го задржи сѐ додека не пристигне полицијата, пренесува АНСА.
Мароканецот е уапсен поради обид за убиство и киднапирање, и задржан во локалниот затвор.
Полицијата соопшти дека Мароканецот веќе неколку години живеел во Италија без дозвола за престој, како и дека има криминално досие, меѓу другото и поради продажба на дрога.
Дедото на девојчето е префрлен во болница поради скршен прст и видливи модринки на вратот, а девојчето не е повредено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.