На Словаците во централниот регион Нитра нема да им биде дозволено да работат доколку немаат негативен тест за коронавирус, бидејќи главната болница во таа област е преполна со пациенти со Ковид-19, а смртноста е голема, соопштија денеска властите.

Земјата со 5,5 милиони жители во последните денови забележа рекорден број нови случаи и хоспитализации. Од понеделникот во болниците има 3.146 пациенти, и покрај делумната национална блокада.

Од понеделник, на околу 160.000 луѓе од регионот Нитра нема да им биде дозволено да присуствуваат на работа без негативен тест, рече словачкиот премиер Игор Матовиќ на прес-конференција.

Според него, состојбата во Нитра е „толку драматична што само доброволно тестирање не би било доволно“.

Ова е подобар начин да се заштитат работниците, компаниите и здравјето на луѓето, рече Матовиќ.

Словачка го ограничи движењето на луѓето на неопходните движења до работа, купување и прошетки во природа во нивната област, но бројот на нови случаи останува голем, со околу 10.000 новозаразени во понеделникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.