Загрижена за новите варијанти на коронавирусот, Словачка драстично ги заострува правилата за влез во земјата, јавува ДПА.
Од 9 јули, сите невакцинирани лица ќе треба да бидат во задолжителен карантин од 14 дена, според новата извршна наредба на владата од вчера.
Одлуката се однесува на сите, без разлика на земјата од која патниците доаѓаат. Најрано на петтиот ден ќе биде можно да се направи PCR коронавирусен тест за лицето да се ослободи од карантин, јавува германската агенција.
Патниците кои биле целосно вакцинирани пред најмалку 14 дена се ослободени од карантин.
Промената предизвика разочарување, особено во Чешка, бидејќи Словачка со Високите Татри е популарна дестинација за одмор на Чесите.
Транзитните патници кои, на пример, сакаат да патуваат од Германија преку Чешка и Словачка за Унгарија се ослободени од карантин. Меѓутоа, тие мора да се држат до однапред дефинирани патеки на движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.