Премиерот Едуард Хегер најави еден вид карантин за невакцинираните.
Тоа е заклучување за невакцинираните, рече Хегер на прес-конференцијата.
Според новите правила, само лицата кои биле вакцинирани или кои имале ковид-19 во последните шест месеци ќе можат да влезат во ресторани, трговски центри, продавници, спортски активности и јавни настани.
Мерките, кои стапуваат на сила од понеделник и се закажани за наредните три недели, се одраз на мерките што од оваа недела беа усвоени во соседна Австрија.
Построгите правила ќе ги изземат вакцинираните и оние кои прележале ковид-19 во изминатите шест месеци.
Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската унија, со 45% од вкупното население вакцинирани во споредба со просекот на ЕУ од 65%. Има забележано 13,725 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Да потсетиме, двајца полицајци беа повредени од пиротехнички средства, а девет демонстранти беа уапсени во главниот град на Словачка за време на протестите против владините антиепидемиски мерки.
Луѓето излегоа на улиците да протестираат против потезите на владата за борбата против ширењето на епидемијата на Ковид-19, барајќи крај на „диктатурата на коронавирусот“, собирајќи се пред зградата на владата и другите државни институции во Братислава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.