Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, го назначи Едуард Хегер за нов премиер, со што стави крај на едномесечната политичка криза во таа земја.
Хегер ја презема премиерската функција од претседателот на неговата партија Игор Матовиќ, кој, пак, ќе ја преземе поранешната позиција на Хегер во Министерството за финансии.
Според Ројтерс, целта на оваа замена е да се смират коалициските спорови што избија по изненадувачката одлука на Матовиќ во март да ги купи руските вакцини „Спутник“ против корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.