Следниот самит на Г-7 ќе се одржи во замокот Елмау, во германската покраина Баварија, од 26 до 28 јуни 2022 година.

Со нетрпение очекуваме целиот свет да дојде во Баварија – порача покраинскиот премиер Маркус Зодер во Минхен.

Германија следната година ќе го преземе ротирачкото претседателство со Г-7, а ќе биде домаќин на лидерите од Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада и САД.

Германија последен пат беше домаќин на Г-7 во 2015 година, кога самитот се одржа на истото место – луксузен хотел во планините во близина на Гармиш-Партенкирхен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.