Лидерите на седумте најмоќни земји на светот се собрале во Франција на уште еден самит. Главна тема зад затворени врати веројатно била светската еколошка ситуација, односно пожарите во Амазонија кои довеле до катастрофални штети. Сепак, секое собирање на светските лидери, освен бројни теми, на виделина изнесуваат и интересни теории за односите меѓу нив, а уште кога се таму и првите дами, се е многу поинтересно.

Така овој пат светот го обиколила фотографијата на која се наоѓаат канадскиот премиер Џастин Трудо, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија. И додека таа за рака го држи својот сопруг, во образ го бакнува Трудо, а многумина го прокоментирале нејзиниот израз на лицето. Изгледа дека ужива во поздравот со згодниот канадски политичар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.