Холандската полиција во Ајндховен привела девет лица под сомнение дека подготвувале терористички напад.

Како што соопшти холандското Обвинителство, сите осомничени имаат холандски пасоши и се на возраст меѓу 18 и 31 година. Осум од нив се родени во Холандија, а еден во Авганистан.

Приведените биле поддржувачи на идеите на терористичката организација ИД, соопшти обвинителството.

Лицата биле приведени при извршени претреси во голем број домови. Во нив не е пронајдено оружје или експлозив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.