Нови детали за монструмот со потекло од Македонија, кој вчера во Австрија си ја уби сопругата со нож пред очите на малолетните деца и случајните минувачи.

Џемаил М. и Зерина долго имала криза во бракот, а тој ја гушел со љубомората. Поради насилство во домот, таа се иселила, а на Албанецот од Македонија му било забрането да се приближува.

Џемаил инаку работел како молер, последно во фирма за фасади. Тој заслепен од љубомора и поради „машка чест”, ја заклал сопругата среде бел ден откако ја чекал со часови да излезе од маркет со децата. Тие биле сведоци на настанот кој ја потресе светската и македонската јавност.

Несреќната жена без да претпостави што ја чека тргнала по храна со децата, а тој ја пречекај пред маркет и среде бел ден ја бодел во врат со нож.

Семејството на убиецот кое е во Македонија е згрозено и скршено.

Го уништи семејството. Не сакаме да го видиме. Беше зависен од коцкање имаше и лошо друштво – велат тие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.