Група рибари од Јемен, една од најсиромашните арапски земји, во Аденскиот Залив пронашле труп на кит што им го смени животот.
Кога рибарите погледнале во стомакот на мртвото животно, пронашле големо парче мукозна материја позната како сив килибар.
Сивиот килибар е многу редок, постигнува и висока цена, а според „Би-би-си“, вредноста на парчето пронајдено од рибарите изнесува околу 1,5 милиони долари.
Сивиот килибар се произведува од китовите, кога нивните жолчни канали во дигестивниот тракт создаваат секрети за да го олеснат минувањето на големи или остри предмети. Китовите потоа повраќаат слуз којa се стврднува и плови во грутки на површината на морето.
Сивиот килибар претежно се користи во индустријата за парфеми поради неговата способност да го продолжи времетраењето на мирисите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.