Најмладиот син на новоизбраниот гувернер на Калифорнија Гевин Њусон, стана ѕвезда за време на инаугурацијата на својот татко.
Видеото од поспаниот син на гувернерот кој со цуцла во устата шета по бината и не сака да си замине ги воодушеви социјалните мрежи.
Така малиот Дач, кој нема ни три години, веќе стана ѕвезда.
Ние во Калифорнија знаеме колку е важно семејството, колку се важни децата – изјавил Њусон и го земал во раце малиот Дач.
Мојата сопруга Џенифер и ја имаме четири деца и нема ништо поважно, а верувам со тоа ќе се сложите и вие, од тоа да им обезбедиме добар и среќен живот. Но, сите деца, не само на оние од гувернерите или актерите, би требало да имаат добар живот во Калифорнија – изјавил Њусон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.