Индустрискиот конгломерат „Сименс“ планира трајно да им овозможи на повеќе од 140.000 вработени да работат надвор од канцеларијата два или три дена во неделата.
Компанијата со седиште во Минхен објави денеска дека кризата предизвикана од вирусот корона „покажала дека работата што не зависи од фиксна локација нуди многу предности и е можна на многу поширок размер отколку што првично се мислеше“, пренесува агенцијата АП.
Во соопштението се вели дека истражувањата спроведени меѓу вработените во „Сименс“ ширум светот покажале желба за поголема флексибилност.
Најавениот план се однесува на повеќе од 140.000 вработени на над 125 локации во 43 земји и ќе стапи на сила веднаш, според Сименс.
Сименс вели дека нивниот нов пристап ќе биде усогласен со локалните законски услови, барањата на одредени работни места и индивидуалните желби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.