Жртва на силување, која била запаленаод страна на банда мажи, меѓу кои и нејзиниот силувач, синоќа почина во болница во Њу Делхи, Индија.

Несреќната 23-годишна девојка во моментот одела на сослушување за силувањето кое се случило минатата година. Како што соопшти полицијата, таа била пресретната од пет мажи кои ја претепале, изболе, полиле со керозин и ја запалиле.

Докторот Шалаб Кумар за „Ројтерс“ открил дека таа имала изгореници на 95 отсто од кожата.

Девојката поднела кривична пријава за силување во март, откако на 12 декември 2018 година била нападната. Силувачот бил уапсен, но минатата недела излегол од притвор откако платил кауција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.