Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтерова скала го погоди западниот брег на Никарагва.

Од американскиот Геолошки завод соопштија дека засега нема опасност од цунами.

Првично нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 78 километри југозападно од Жикилио. Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтерова скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.