Најмалку 220.000 домови денеска останаа без електрична енергија во југозападна Франција кога силен ветер со брзина и до 140 километри на час предизвика големи проблеми, но без посериозни штети.

Според првичните податоци на итните служби, четири лица се повредени кога дрвја паднале врз нивните возила, од кои три полесно во Нова Аквитанија.

Дождот и ветрот во текот на ноќта достигнале кулминација на атлантскиот брег со јачина од 143 километри на час во местото Милау.

За време на најлошиот дел од ноќта, 400.000 домови останале без струја, соопшти компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Енедис“.

Од 14 департмани на југозападот од земјата, кои вчера прогласија портокалов аларм, тој и натаму е во сила во осум од нив, главно поради ветер и излевање на реките, соопштија службите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.