Јапонски војници денеска спроведуваат спасувачки акции, во обид да им помогнат на жителите, заробени во бројните поплави предизвикани од тајфунот Хагибис, во кои загинаа најмалку 18 лица, а 17 се пријавени за исчезнати.
Хагибис, кој предизвика поплавени куќи, лизгање на земјиштето, поројни води, бура со обилни дождови, ги зафати централните и источните делови на Јапонија.
Големи поплави има во централниот регион Нагану, каде попушти насипот, па реката Чикума ги поплави куќите, кои се во вода до првиот кат.
Жителите се терасите додека чекаат за помош, од каде мавтаат со бели крпи на хеликоптерите на јавната телевизиска мрежа НХК и јапонските сили за самоодбрана.
Во текот на ноќта, издадовме препораки за евакуација на 427 куќи со 1.417 луѓе- изјави Јасухиро Јамагучи, шеф на службата за спасување во Нагано.
На околу 7,3 милиони Јапонци вчера им беше препорачана евакуација, по рекордни врнежи од дожд. Десетици илјади одговорија на тие препораки. Тие се сместени во спортски сали каде им се обезбедува вода, храна и ќебиња
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.