Граѓаните на Сиднеј ќе останат во карантин уште една недела поради затегнатата ситуација со делта сојот на коронавирусот, пишува Би-би-си.

Заклучувањето започна на 26 јуни и требаше да заврши во петок, но се појавија нови случаи – вкупно 330.

Имено, заразените морале да ги напуштат своите домови за да завршат некои неопходини обврски.

Заклучувањето е продолжено до 16 јули, а училиштата исто така ќе бидат затворени.

Помалку од 10 проценти од австралиските граѓани се вакцинирани, а сето тоа се должи на недостаток на залихи од вакцини – особено на „Фајзер“.

Она што имаме намера да го направиме е ова да биде наша единствена блокада пред повеќето граѓани да се вакцинираат, рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан.

Сиднеј беше најтешко погоден од неодамнешното појавување на делта сојот, а случаите се проширија низ целата земја.

Вирусот се проширил од хотелски карантин при што предизвика брзо заклучување во најголемите градови во Австралија, вклучувајќи ги Бризбејн, Дарвин и Перт.

Со заклучувањето е опфатено половина од австралиското население.

Сепак, бројот на случаи на инфекција во Австралија е прилично мал. Вкупно, помалку од 31.000 луѓе се заразиле, а 910 починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.