Сицилијанските власти одлучија да даваат по 3.000 евра на секој млад пар кој ќе одлучи да се венча на Сицилија. За финансирање локалните власти издвоиле 3,5 милиони евра и сметаат дека овој поттик може да генерира од 40 до 50 милиони.

Како што пишуваат италијанските медиуми, понудата важи до 31 јули следната година.

Сицилија со своите барокни палати и вили, средновековните цркви и прекрасната природа е привлечно место за церемонии.

Најпознатата свадба, која беше изведена на островот, е онаа од филмот Кум, во кој син на мафијашки бос се ожени со локална убавица.

Оваа филмска венчавка ја лансираше Сицилија како едно од најценетите места за свадбени церемонии и охрабри формирање на голем број мали семејни компании кои се занимаваа со подготовка и организација на свадбени церемонии.

До пандемијата на Ковид-19, најбројни беа младенците и гостите на свадба од Америка и Јапонија, но карантинот речиси целосно ја укина активноста што носеше годишен приход од 50 милиони евра.

Последиците од кризата не влијаат само на компаниите што организираат свадби, туку и на активности поврзани со таа активност, како што се угостителски објекти, фотографски услуги, келнери, хотели, печатници, а со загуба се и местата изнајмувани за свадби, не само убави сицилијански барокни вили и палати, туку и музеи, манастири. Сите овие активности што живееле од свадбите, целосно замреле во времето на корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.